Този сайт използва бисквитки (cookies). Ако желаете можете да научите повече тук. Разбрах

ODIT.info > Дискусия > Free style Започни нова тема

Тема. Тотиииии, твойте хора нищо не правят ;-) Я виж комшиите ;-Р

 Тотиииии, твойте хора нищо не правят ;-) Я виж комшиите ;-Р Федор Венедиктович Ез...  Профил 21.04.2010 18:02

 

 RE: Тотиииии, твойте хора нищо не правят ;-) Я виж комшиите ;-Р Федор Венедиктович Ез...  Профил 21.04.2010 18:10

Тц тц тц тц.... гледай какво става ;-))))

Уапсени 40 лекари за малверзации со инвалидски пензии

Околу 40 -тина лекари од клиниките, од Фондот за за пензиско и инвалидско осигурување се уапсени во полициска акција, која е сè уште во тек низ Македонија.

Уапсените се осомничени дека ја злоупотребувале својата функција и дека примале мито при издавање на инвалидски пензии.

МВР ја потврди акцијата, но најави повеќе детали подоцна, по завршувањето на акцијата.
Голем дел од граѓаните подолг период се соочуваа со неправилно доделување на инвалидски пензии.

„Метастаза“ пресече криминален синџир за доделување на инвалидски пензии

Полициската акција „Метастаза“ финишираше денеска со апсењето на околу 40 лица, осомничени дека на незаконски начин издејствувале инвалидски пензии во околу 50 случаи.

Според Министерството за внатрешни работи(МВР), акцијата започнала уште пред една година, од кога трае документирањето на податоците за злоупотребите.

Со кривични пријави се опфатени 37 лица, а неофицијално 34 од осомничените веќе се приведени.

Уапсени се членови на Првостепената и Второстепената комисија за доделување на инвалидски пензии, а меѓу нив и 17 доктори и специјалисти од приватните и јавните болници, кои учествувале во давањето дијагноза.

Уапсени се и лица посредници, кои наоѓале заинтересирани граѓани за добивање на инвалидска пензија на нелегален начин.

Најмногу доктори се уапсени од Клиничките центри во Скопје, Тетово и Струга, претежно кардиолози, ортопеди, пумолози и психијатри. Извршени се и 15 претреси во домови. Апсењата се вршени во домовите на осомничените, како и на нивните работни места.

Како што соопштуваат од МВР, ова е завршна фаза на акцијата „Метастаза“, која имаше за цел да го прекине криминалниот синџир за стекнување со инвалидска пензија со поткуп.

Страшна работа ;-)))) А тука ЦЦ спи ;-D
реклама

ODIT.info > Дискусия > Free style